Servet Günerigök
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сѐ повеќе е лут на Кина, бидејќи пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Додека гледам дека пандемијата го шири грдото лице низ целиот свет, вклучувајќи ја и огромната штета што им ја направи на САД, јас сѐ повеќе сум лут на Кина. Луѓето можат да го видат тоа, а јас можам да го почувствувам!“, напиша Трамп на Твитер.
Тој го напиша овој статус на Твитер откако во земјата беа потврдени повеќе од 2,6 милиони потврдени случаи и повеќе од 127.000 смртни случаи, според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Тој постојано велеше дека вирусот би можел да биде стопиран од својот извор, осврнувајќи се на кинескиот град Вухан, каде што и за првпат се појави во декември минатата година.
Оттогаш вирусот се прошири во најмалку 188 земји и региони.
Од пандемијата во светот се починати повеќе од 514.000 лица, заразени се 10,5 милиони, а повеќе од 5,8 милиони се оздравени според интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите од земјте во светот во врска со коронавирусот.
Американските власти велат дека нивните кинески колеги не успеале навремено да ги споделат информациите за болеста.