Muhammet Kurşun
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во експлозијата во клиниката во главниот град на Иран, Техеран, бројот на загинатите се зголеми на 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Одделот за итни случаи во Техеран, Пејман Сабиријан, синоќа изјави дека експлозијата се случила како последица на истекување на гас. Несреќата се случила во вечерните часови во клиниката на улицата „Шаријати“.
Локалните медиуми наведуваат дека загинале 19, а се повредени 6 лица. Меѓу загинатите се наоѓаат 15 жени.
Техеранскиот обвинител Али ел Каси Мехр за државната телевизија изјави дека експлозијата ја предизвикале три резервоари за кислород кои се наоѓале во операционата сала на клиниката.
По експлозијата улицата „Шаријати“ е затворена за сообраќај, а полицијата ги предупреди граѓаните да не се собираат на местото на настанот.