свет

Ирачките сили фатија командант на ДЕАШ во Мосул

По дојава на разузнавачките служби, во безбедносна акција на источниот дел на Мосул фатен е Џихад ал Ансари

Ali H. M.Abo Rezeg  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Ирачките сили фатија командант на ДЕАШ во Мосул

БАГДАД (АА) - Ирачките полициски сили во Мосул го уапсија командантот на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Министерството за одбрана на Ирак се наведува дека по дојава на разузнавачките служби, во безбедносна акција на источниот дел на Мосул фатен е Џихад ал Ансари.

Се додава дека Ал Ансари бил командант на милитантите на ДЕАШ во покраината Нинива, на северниот дел на земјата.

Кон средината на 2014 година ДЕАШ контролираше речиси третина од Ирак, вклучувајќи го и Мосул. Кон крајот на 2017 година, ирачката војска, со помош на коалицијата на чело со Соединетите Американски Држави (САД), успеа да врати поголем дел, но не и целата изгубена територија.

Иако официјалните претставници во Багдад истакнуваат дека присуството на ДЕАШ е значително намалено во земјата, терористичката група продолжува да извршува напади во покраините Нинива, Киркук, Дијала, Саладин и Анбар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.