свет

Сирија: Режимските сили бомбардираа земјоделски површини во зоната во Идлиб

Припадниците на Цивилната заштита („Бели шлемови“), со помош на жителите настојуваат да го изгаснат пожарот...

Ekipa  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Сирија: Режимските сили бомбардираа земјоделски површини во зоната во Идлиб

ИДЛИБ (АА) - Силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги запалија земјоделските површини на периферијата на Хама, во рамки на деескалациската зона во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Режимските сили составени од војската на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, вчера во Хама ги бомбардираа нивите во местата Тел Хаваш, Ез Зекат, Ес Сихрије и Ел Хабит.

Припадниците на Цивилната заштита („Бели шлемови“), со помош на жителите настојуваат да го изгаснат пожарот. Запалените подрачја во најголем дел беа засадени со пченица, ким, јачмен и леблебија.

Режимските сили пред два дена во селата Ел Хувејз, Ел Хувејџе, Ет Тувејне и Ел Шериа запалија рибни мрестилишта.

Во нападите изведени од 25 април загинаа најмалку 151 цивил, а над 405 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.