свет

Француски воени авиони принудно слетаа во Индонезија

Седум воени авиони кои полетале од носачот на авиони „Шарл ден Гол“ на француските поморски сили, 90 минути по полетувањето биле принудени итно да слетаат на воздушната база Султан Искендер Муда

Emre Aytekin  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Француски воени авиони принудно слетаа во Индонезија

БАНДА-АЧЕХ (АА) - Седум француски воени авиони од типот „Dassault Rafale“, кои летале над Индискиот Океан, биле принудени итно да слетаат на индонезискиот остров Суматра поради лошите временски услови, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Воздухопловните сили на Индонезија, седум воени авиони кои полетале од носачот на авиони „Шарл ден Гол“ на француските поморски сили, 90 минути по полетувањето биле принудени итно да слетаат на воздушната база Султан Искендер Муда, која се наоѓа во подрачјето на Ачех на островот Суматра.

Авионите кои полетале за обука, слетале на базата поради ризикот од враќање на бродот кој се наоѓал 120 километри на отворени води кај островот Суматра, поради недостиг на доволно гориво.

Се соопштува дека француските воени авиони ќе се вратат на своите мисии откако ќе се нормализираат временските услови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.