свет

САД: Осуда и протести поради пожарот во џамијата во Њу Хевен

Неколку стотици луѓе се упатија на протест поради пожарот кој на 12 мај беше подметнат во џамијата во Њу Хевен, во сојузната американска држава Конетикат

Hakan Çopur  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
САД: Осуда и протести поради пожарот во џамијата во Њу Хевен

ВАШИНГТОН (АА) - Во Американскиот исламски центар „Дијанет“ (DCA) организирана е програма во знак на протест и осуда поради пожарот во џамијата во градот Њу Хевен, во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Неколку стотици луѓе се упатија на протест поради пожарот кој на 12 мај беше подметнат во џамијата во Њу Хевен, во сојузната американска држава Конетикат. Учесниците испратија порака за борба против исламофобијата и ксенофобијата.

Учесниците, меѓу кои претседателот на Американскиот исламски центар „Дијанет“, Фатих Канџа и Зејнеб Чаундри од Советот за американско-исламски односи (CAIR), како и претставниците на муслиманската, христијанската и еврејската заедница, порачаа дека е неприфатливо предизвикувањето пожар во џамија.

Пожарот предизвика материјална штета од големи размери во џамијата во Конетикат, а управата на овој храм порача дека работите околу обновата ќе бидат завршени што поскоро и дека верниците повторно ќе можат да ја извршуваат молитвата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın