свет

САД: Вработен во училиште на ФЕТО барал недолични фотографии од учениците

Во подготвениот детективски извештај се вели дека вработениот се обвинува дека од тројца ученици во училиштето побарал недолични фотографии, а како возврат им ветил пари или храна.

Dildar Baykan  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
САД: Вработен во училиште на ФЕТО барал недолични фотографии од учениците

ЊУЈОРК (АА) - Канцелариски асистент вработен во училиште поврзано со терористичката организација ФЕТО во американската сојузна држава Флорида е приведен со образложение дека побарал недолични фотографии од учениците, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на локалните медиуми, 19-годишниот Џилен Александер, вработен како канцелариски асистент во Научното чартер училиште во Орландо, кое е поврзано со терористичката организација ФЕТО, во средата бил приведен со образложение дека својата функција ја искористил за да бара од учениците да му испратат недолични фотографии.

Во подготвениот детективски извештај се наведува дека Александер се обвинува дека од тројца ученици во училиштето побарал недолични фотографии, а како возврат им ветил пари или храна. Тој им се заканувал на учениците дека ќе ги избрка од часови доколку не го направат тоа што го побарал.

- Контрадикцијата меѓу директорот на училиштето и извештајот во врска со истрагата -

Во извештајот во врска со истрагата се вели дека истрагата против Александер започнала на 29 април, дека тој му се извинил на еден од родителите и поднел оставка.

Управата на ова училиште тврди дека во март е ставен крај на работниот однос на вработениот, со цел да покаже дека нема одговорност во случајот.

Директорот на училиштето, Абдулазиз Јалчин, во изјава за локалните медиуми истакна дека Александер во август бил вработен како парт-тајм канцелариски асистент, и тврди дека во неговото досие не бил евидентиран некој дисциплински случај.

Јалчин нагласи дека во март бил ставен крај на работниот однос на Александер, и дека во четвртокот бил информиран за обвиненијата на родителите против него.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın