Haydar Karaalp
26 Декември 2019•Ажурирај: 27 Декември 2019
БАГДАД (АА) - Ирачкиот претседател Берхем Салих соопшти дека нема да му даде мандат на кандидатот на коалицијата Бина, Асад Идани, кој е близок со Иран, да формира влада, и дека е подготвен да даде оставка ако продолжи притисокот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот се истакнува дека Салих испратил допис до Собранието дека нема да му даде мандат на Идани да формира влада.
Салих, истакнувајќи дека добива противречни информации за најголемата коалиција, рече дека ако продолжат политичките притисоци, подготвен е да даде оставка од функцијата претседател.
„Изјавувам дека сум подготвен да си дадам оставка од функцијата претседател и тоа прашање ќе го оставам на пратениците во Собранието. Тие, како претставници на народот ќе решат што е соодветно“, нагласи Салих.
Се истакнува дека шиитски политички партии блиски до Иран прават притисок врз ирачкиот претседател Берхем Салех за да го прифати нивниот кандидат за премиер.