Behlül Çetinkaya,Ömer Faruk Yıldız,Mahmut Atanur,Fuat Kabakcı
26 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
ЏAKАРТА / ИСЛАМАБАД / ПЕКИНГ
Жителите на многу земји од азискиот континент денеска имаа можност да го набљудуваат затемнувањето на Сонцето, а во некои земји тоа беше првото ануларно или прстенесто затемнување на Сонцето по 20 години, јавува Агенција Анадолија (AA).
Низ азискиот континент луѓето се собраа да го набљудуваат феноменот, користејќи разни пластични и стаклени предмети за да ги заштитат очите.

Затемнувањето во Индонезија, кое започна во 10:15 часот по локално време, беше првото прстенесто затемнување на Сонцето по 10 години.
Во Индонезија затемнувањето беше највидливо во регионот Сиак, во покраината Ријау, а го опфати 97 отсто од Сонцето. Во Сиак т.н. „огнен прстен“ можеше да се набљудува цели четири минути.
Во Пакистан ова беше првото прстенесто затемнување на Сонцето по цели две децении. Затемнувањето започна во 07:30 часот, а поради густата магла не можеше јасно да се набљудува.

Жителите на јужните делови на Кина исто така можеа да го следат затемнувањето на Сонцето.
Затемнувањето на Сонцето е феномен кој се случува кога Месечината поминува пред Сонцето, така што Сонцето останува целосно или делумно сокриено за набљудувачите на Земјата.