Gülşen Topçu
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
БАГДАД
Портпаролот на Владата на Ирак, Ахмед Мола Талал, истакна дека организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван) не ја сметаат за терористичка организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Талал во изјава за саудиската телевизија „Ал Арабија ел Хадес“ рече дека четворица припадници на Ихван во различни периоди претседавале со Парламентот на Ирак, и додаде: „Ние во Ирак не ја сметаме Ихван за терористичка организација.“
Тој нагласи дека Ихван е дел од политичката сцена во Ирак и дека биле вклучени и во подготовка на Уставот.
„Која било организација за да биде вклучена на терористичката листа во Ирак треба да изврши терористички напади врз граѓаните или да влезе во вооружена борба против државата“, рече тој.
Талал истакна дека ирачката Влада со Ихван воспоставува врски независно од случувањата во другите земји.