Dmitri Chirciu
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
МОСКВА
Со новиот тип коронавирус во Русија се заразени 1.531.000 лица, додека од последиците на вирусот починаа 26.269, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на Ковид-19 во Русија соопшти дека бројот на заразени во последните 24 часа е зголемен за 17.347, што претставува најголем број во еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот период починаа уште 219 пациенти кај кои е потврдено присуството на Ковид-19. Околу 27,7 отсто од заразените лица немаат симптоми.
Во последните 24 часа во Москва бројот на заразените е поголем за 5.224 и изнесува 401.040. Воедно, потврдени се и 62 смртни случаи, вкупно 6.442.
Службата за заштита на јавното здравје и потрошувачките права соопшти дека во последните 24 часа се извршени 476.000 тестирања, односно повеќе од 57,8 милиони.
Претседавачот на Думата, Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин, наведе дека 91 пратеник се заразени со Ковид-19, од кои 39 се на лекување, а еден починал од последиците на вирусот.
Првиот случај на заразување во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.