Yusuf Özcan
26 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека заедно со Турција и Грција ќе организираат хуманитарна операција за сите оние што сакаат да го напуштат украинскиот град Мариупол, известува Агенција Анадолија (АА).
Макрон на конференцијата за новинарите по самитот на лидерите на Европската Унија одржан во Брисел, главниот град на Белгија, изјави дека во Мариупол од 400.000 жители останале околу 150.000 и дека тие луѓе живеат во многу лоши услови.
„Ќе организираме хуманитарна операција со Турција и Грција за оние што сакаат да го напуштат Мариупол“, рече претседателот на Франција.
Макрон истакна дека хуманитарната операција ќе биде организирана во најдобри можни услови во наредните денови и додаде дека се во контакт со Општината Мариупол во врска со тоа прашање.
Тој истакна дека ќе преговара со Русија околу оваа операција и дека телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во наредните 48 до 72 часа.
Макрон напомена дека не е можно да се исполни барањето на Путин гасот што се продава во Европа да се плаќа во рубљи и дека потпишаните договори не се соодветни.