Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
26 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ИДЛИБ
Руските воени авиони го погодија кампот за обука на умерената опозиција во сирискиот град Идлиб, при што загинаа голем број војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од изворите на воената опозиција, силите „Фејлакуш Шам“ при Сириската национална војска, стационирани во селото Дувејле во западниот дел на Идлиб, биле погодени од воздух.
Нападот е извршен врз камп за обука на Сириската национална војска, при што загинаа голем број војници.
Изворите нагласија дека воените авиони што го извршиле нападот се на Русија.