Adam Abu-bashal
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 727 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 9.085 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.727.897.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 116 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 41.324.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.968), по која следуваат Египет (6.199) и Мароко (3.301).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (715.868), по која следуваат Мароко (197.481) и Египет (106.540).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.412.173 лица.