Aref Yousef,Safiye Karabacak,Hamdi Yıldız
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
БАГДАД
Во Ирак, Коалицијата „Бина“, која е позната по блискоста со Иран, кандидираше тројца кандидати за премиер, меѓу кои се наоѓа и поранешниот министер за комуникации Мухамед Тевфик Алави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот министер за комуникации, Алави, во писменото соопштение истакна дека Коалицијата „Бина“ освен него, за премиер ги кандидирала и пензионираниот генерал-полковник, Абдулгани ал Еседи, и поранешниот пратеник генерал-полковник, Тевфик ал Јасири.
Алави нагласи дека кандидатурата на овие имиња е знак дека наскоро земјата ќе излезе од криза.
Истакнувајќи дека посакува еден од тројцата кандидати да биде премиер, Алави рече дека кандидатурата на три независни лица од страна на Коалицијата „Бина“ исто така е и барање на мирните демонстрации.
Тевфик Алави, кој е братучед на поранешниот премиер Ијад Алави, беше министер за комуникации во втората Влада на Нури Малики, во периодот 2010-2014 година.