Hacer Başer
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот Кабинет за безбедност прифати годишно да се скратат 150 милиони шекли (приближно 43 милиони американски долари), дел од парите што биле собирани како данок во име на палестинската Влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската телевизија „Канал 13“ соопшти дека Кабинетот за безбедност го прифатил предлогот на израелскиот министер за одбрана, Нафтали Бенет.
Скратените 150 милиони шекли се еднакви на вредноста што палестинската администрација во 2018 година ги одвојуваше за роднините на затворените и загинатите Палестинци.
Во веста се нагласува дека ова практика на Израел претставува „казна“ за администрацијата на Палестина, поради тоа што одвојувала пари за распределба до овие семејства.
На 17 февруари израелскиот Кабинет за безбедност донесе одлука да го скрати годишниот додаток од 500 милиони шекли (144 милиони американски долари), дел од парите што биле собирани како данок во име на палестинската Влада, бидејќи тие се користеле за роднините на затворените и загинатите Палестинци.
Веднаш по оваа одлука, палестинската Влада изјави дека нема да ги прифати скратените даноци.
На 4 октомври, поради лошата економска состојба палестинската власт се согласи Израел да ги плати даноците, без тој дел резервиран за роднините на затворените и загинатите Палестинци.