Ekipa
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
БЕРЛИН
Кабинскиот персонал на „Џерманвингс“, авикомпанијата што работи за нискобуџетниот огранок „Еуровингс“ на „Луфтханса“, денес започна тридневен штрајк поради што се откажани околу 180 летови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Еуровингс“ соопшти дека штрајкот, кој го свика Синдикатот на кабинскиот персонал на „Луфтханса“ (УФО), предизвикал откажување на околу 15 % од летовите, додавајќи дека повеќе од 1.000 летови од планираните 1.200 во текот на наредните 3 дена ќе сообраќаат според планот.
Откажаните летови се претежно на германските домашни линии, иако се погодени и некои од линиите до соседните Австрија и Швајцарија.
Синдикатот на кабинскиот персонал на „Луфтханса“ (УФО) донесе одлука во почетокот да се штајкува само во „Џерманвингс“, имајќи предвид дека нивната Управа за вработените не дала јасна перспектива за иднината. Доколку ставот на „Луфтханса“ не се промени, од 2 јануари можни се штрајкови и во останатите нејзини ограноци, како и во самата авиокомпанија.
Авиокомпанијата „Џерманвингс“ со околу 30 авиони работи за „Еуровингс“, огранок на „Луфтханса“, но се планира во догледно време во потполност да ѝ се припои.