Ekipa
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ФРАНКФУРТ
„Еуровингс“, нискобуџетниот превозник на „Луфтханза“, откажа повеќе од 170 летови закажани за понеделник, вторник и среда поради штрајкот на кабинскиот персонал во сестринската компанија „Џерманвингс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откажувањата се однесуваат најмногу на летовите во внатрешноста на Германија од аеродромите кои ги вклучуваат Келн-Бон, Хамбург, Минхен, Штутгарт и Дизелдорф.
Информациите за откажувањата се споделени на интернет-страницата на „Еуровингс“.
„Еуровингс“ соопшти дека работи на намалување на последиците за патниците и дека според распоредот, ќе бидат оперативни повеќе од 1.000 летови.
Унијата на стјуарди и стјуардеси УФО (UFO) повика на штрајк поради спорот околу можноста за хонорарна работа во „Џерманвингс“.