Emin Sansar,Yeşim Sert Karaaslan
29 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
МОГАДИШУ
Телата на двајцата турски граѓани и 15 други повредени лица во терористичкиот напад со автомобил бомба во сомалискиот главен град, Могадишу, ќе бидат пренесени во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Турција ги започна активностите за лекување на повредените лица при терористичкиот напад во Могадишу, во кој голем број лица ги загубија своите животи. Во овие рамки формиран е Национален тим на медицински спасувачи (УМКЕ) и хируршки персонал од 20 лица.
Воениот транспортен авион од типот „А400М“, кој припаѓа на Воздухопловните сили, денес во 05:00 по локално време пристигна во Могадишу.
Според информациите добиени од Министерството, мртвите тела на двајцата турски граѓани и други повредени 15 лица ќе бидат испратени во Турција.
- „Нашата држава е секогаш со Сомалија“
Амбасадорот на Турција во Могадишу, д-р Мехмет Јилмаз, на аеродромот даде информации за терористичкиот напад.
„Нашиот персонал во болницата „Реџеп Таип Ердоган“ работеше до утринските часови, излекува голем дел од повредените, но некои од повредените треба да бидат однесени во нашата земја. За кратко време ќе ги испратиме во нашата земја. Нашата држава секогаш е до Сомалија“, нагласи Јилмаз.
„Состојбата на некои од повредените е сериозна и не треба да се помрднуваат. Некои пак, ќе се лекуваат во нашата болница овде. Околу 50 повредени се наоѓаат во болницата „Реџеп Таип Ердоган“. И голем дел од тие повредени ќе се лекуваат тука“, рече амбасадорот Јилмаз.
Јилмаз потсети дека и во 2017 година имало силна експлозија и дека по тој напад Турција била првата земја која ѝ помогнала на Сомалија.
- „Нашите колеги постојано беа во операционата сала“
Проф. д-р Ашир Ераслан рече дека веднаш по експлозијата, во првата етапа биле донесени 36 повредени во болницата.
Истакнувајќи дека сериозно повредените веднаш биле оперирани, Ераслан рече дека подоцна двајца од повредените починале.
Ераслан, наведувајќи дека интервенирале бргу врз повредените лица, рече:
„Брзо ги третиравме сите повредени. Бидејќи немаше оддел за интензивна нега во другите болници, уште 5 други повредени беа пренесени кај нас. Опериравме вкупно 17 повредени кои беа погодени од експлозијата. Нашите колеги од утринските часови до навечер постојано беа во операционата сала. Исто така вечерта повторно од другите болници беа пренесени уште 12 повредени.“