Hamdi Yıldız
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
БАГДАД
Соединетите Американски Држави изведоа воздушен напад врз воената база на „Хашди ал Шаби“, позиционирана во западниот дел на Ирак, во провинцијата Енбар. Во нападот загинаа 25 припадници на „Хашди ал Шаби“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џевад Рубајави, раководител на Секторот за операции на „Хашди ал Шаби“, објави писмено соопштение во кое вели дека е извршен воздушен напад на воената база во Енбар од страна на САД, информирајќи дека во нападот загинале 25 лица, а 51 се ранети.
Рубајави во текстот наведува дека има и потешко повредени лица, истакнувајќи ја својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Претходно, ирачкото Министерство за одбрана даде писмено соопштение во кое вели дека САД извршиле три воздушни напади врз две позиции на „Кетаиб Хезболах“ во подрачјата на Харш и Селум во Енбар.
Министерството за одбрана на САД изјави дека се изведени воздушни напади врз 5 воени бази на „Кетаиб Хезболах“, 3 во Ирак и 2 во Сирија.
Претседатлот на Ирак, Берхем Салих, и премиерот во оставка, Адил Абдулмехди, ги оценија воздушните напади како „повреда на суверенитетот“.