Elena Trenchevska Chekovic
12 Октомври 2025•Ажурирај: 16 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – „Вештерки“ и „волшебници“ веслаа низ мирните води на Спринг Лејк, Њу Џерси, САД, по повод настанот што го трансформираше паркот во магична сцена за добротворни цели, јавува Анадолу.
Вообичаено мирниот „Божествен парк“, дом на диви патки, канадски гуски, лебеди и чапји, викендов го сподели своето живеалиште со флота веслачи облечени волшебничка облека со зашилени капи.
Настанот „Вештерките веслаат за добротворни цели“ со цел собирање средства, организиран од Дистриктот за унапредување на бизнисот во Спринг Лејк, вклучуваше и натпревар во веслање и најдобри костими.
Овогодинешните приходи се наменети за поддршка на Фондацијата „Живеј како Меди“, организација која им помага на поединци и семејства погодени од ретки болести.