свет

САД: Неколкумина повредени во пад на хеликоптер во Калифорнија

Полицијата на Хантингтон Бич соопшти дека двајца патници од хеликоптерот се безбедно извлечени од остатоците, иако нивната состојба останува неизвесна

Berk Kutay Gökmen  | 12.10.2025 - Обновена : 12.10.2025
САД: Неколкумина повредени во пад на хеликоптер во Калифорнија

ИСТАНБУЛ (АА) - Неколку лица се повредени во пад на хеликоптер во близина на Хантингтон Бич, Калифорнија, Соединетите Американски Држави (САД), објави Еј-би-си 7, пренесува Анадолу.

Полицијата на Хантингтон Бич соопшти дека двајца патници од хеликоптерот се безбедно извлечени од остатоците, иако нивната состојба останува неизвесна.

Тројца пешаци на улицата каде што паднал хеликоптерот се исто така повредени, и се префрлени во болница.

Надлежните го затворија подрачјето, а истрагата за несреќата е во тек. Причината за несреќата сè уште е непозната, соопштија властите. Дополнителни детали не се објавени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın