свет

Огромен степен на уништување во Газа по двегодишната брутална војна на Израел

Прекинот на огнот, кое стапи на сила по тешките израелски напади, овозможи прв јасен поглед на штетата во Појасот Газа, каде што сериозно оштетените згради и кратерите на патиштата го нагласија интензитетот на израелските напади

Elena Trenchevska Chekovic  | 12.10.2025 - Обновена : 12.10.2025
Огромен степен на уништување во Газа по двегодишната брутална војна на Израел Фото: Abdalhkem Abu Riash/AA

СКОПЈЕ (АА) – Обемниот степен на деструкција низ Газа го открија новите снимки од енклавата по стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот и повлекувањето на израелските сили до одредените линии - разрушени згради и инфранструктура, и улици преполни со остатоци од израелска муниција и ракети, јавува Анадолу.

Прекинот на огнот, кој стапи на сила по тешките израелски напади, овозможи прв јасен поглед на штетата во Појасот Газа, каде што уништените и сериозно оштетни згради и кратерите на патиштата сведочат за интензитетот на израелските напади.

Договорот, објавен во средата, предвидува прекин на огнот во Газа, ослободување на сите израелски заробеници во замена за околу 2.000 палестински затвореници и постепено повлекување на израелските сили од целиот Појас Газа.

Предложената втора фаза од планот повикува на воспоставување нов управувачки механизам во Газа без учество на Хамас и формирање на нови безбедносни сили.

Нападите, кои започнаа во октомври 2023 година, резултираа со смрт на речиси 67.200 Палестинци во енклавата, повеќето од нив жени и деца, и ја остави територијата непогодна за живеење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.