Esat Fırat
12 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
КУДС
Израелската полиција утринава повторно ги нападна младите Палестинци по утринската молитва во џамијата „Ал-Акса“, во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на вакуфи во Кудс за АА изјавија дека Палестинците утринава по утринската молитва, сабах-намаз, се собрале во харемот на џамијата „Ал-Акса“.
Насобраните Палестинци, претежно млади, ја извршувале утринската молитва, по што израелската полиција ги нападнала со пластична муниција. Палестинците на тоа одговориле со фрлање камења.
Наведено е исто така дека неколку Палестинци се повредени.
Тензиите се зголемија во населбата Шеик Џарах во Источен Кудс од минатата недела, откако израелскиот суд наложи деложација на палестинските семејства.
Палестинците кои протестираат во знак на солидарност со жителите на Шеик Џарах се цел на израелските сили.
Тројца Израелци исто така се убиени, а 31 лице се ранети во палестинските ракетни напади.
Израел го окупираше Источен Кудс за време на Арапско-израелската војна во 1967 година и го анектираше целиот град во 1980 година, потег што меѓународната заедница никогаш не го призна.