свет

Колумнистка на „Њујорк тајмс“ со остри критики за израелските злоупотреби во Палестина

Во написот „Време е да се скрши молкот за Палестина“, бранителката на граѓански права и адвокат, Александер, ја повикува меѓународната заедница храбро да го дигне гласот против големата неправда

Vakkas Doğantekin  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Колумнистка на „Њујорк тајмс“ со остри критики за израелските злоупотреби во Палестина

New York

ЊУЈОРК (АА) - Во колумната на американскиот весник „New York Times“ (Њујорк тајмс), напишана од Мишел Александер, објавена вчера, се критикува израелската политика во однос на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во написот „Време е да се скрши молкот за Палестина“, бранителката на граѓански права и адвокат, Александер, ја повикува меѓународната заедница храбро да го дигне гласот против како што вели, големата неправда на нашето време, исто како што направи Мартин Лутер Кинг против војната во Виетнам.

„... значи, ако сакаме да ја почитуваме пораката на Кинг, а не човекот, мораме да ги осудиме дејствијата на Израел: прекршувањата на меѓународното право, континуираната окупација на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Газа, рушењето на домовите и конфискувањето на земјиштето“, пишува Александар.

„Мораме гласно да се спротивставиме на третирањето на Палестинците на контролните пунктови, рутинските претреси на нивните домови и ограничувањата за нивното движење, и сериозно ограничениот пристап до едно пристојно домување, до училиштата, пристапот до храна, болници и вода со кој се соочуваат“.

Според „Њујорк тајмс“, Мишел Александер работела како професор на неколку универзитети, вклучувајќи го и Правниот факултет на Универзитетот „Стенфорд“, каде што била вонреден професор по право и раководител на Клиниката за граѓански права. Таа се приклучува на весникот во 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.