Mustafa Deveci
09 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за разузнавање, Ели Коен, истакна дека по Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), уште две земји од Заливот ќе постигнат договор за нормализирање на односите со Израел до крајот на оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коен во изјавата за Израелската државна телевизија КАН, рече: „Мислам дека по ОАЕ, уште две земји од Заливот ќе постигнат договор за нормализирање на односите со Израел до крајот на годината.“
Не давајќи информации за кои земји од Заливот станува збор, Коен рече дека заеднички интерес на Израел, муслиманските земји во Африка и земјите од Заливот е да се создаде безбедносен фронт против Иран.
Во израелскиот печат има чести информации дека Бахреин и Оман ќе постигнат договор за нормализирање на односите со Тел Авив, исто како ОАЕ.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 13 август соопшти дека Израел и ОАЕ постигнале договор за целосно нормализирање на меѓусебните односи.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) така станаа трета арапска земја, која со Израел постигнала договор за нормализација на односите, а претходно тоа го сторија Египет (1979) и Јордан (1994).