Ruslan Rehimov
09 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
БАКУ (АА) - Потпретседателот на Националното собрание на Азербејџан, Адил Алиев, истакна дека ќе бидат пријатели со пријателите на Турција, а непријатели со непријателите на Турција, и порача дека време е светот повторно да ја види моќта на Турците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алиев во изјавата за АА рече дека односите меѓу Азербејџан и Турција се на многу високо ниво и дека во ниту една фаза во историјата не биле толку блиски.
Потсетувајќи дека лидерите на двете земји не се гледаат само како пријатели, туку и изјавуваат дека се браќа, Алиев рече дека ова пријателство и братство ги загрижува многу земји.
Адил Алиев потсети на зборовите на покојниот претседател Хајдар Алиев „една нација, две држави“.
„Така беше вчера, така е денес, така ќе биде и утре. Имаме заеднички позиција и го кажуваме тоа. На целиот свет отворено му кажуваме, ќе бидеме пријатели со пријателите на Турција, а непријатели со непријателите на Турција.“
Наведувајќи дека Турција во секоја ситуација е покрај Азербејџан, Алиев рече дека заедничките воени вежби на двете земји ја зајакнуваат Армијата на Азербејџан.
Тој посочи дека денес најмоќната воена организација е НАТО, и дека Турција е земја лидер во НАТО.
Истакнувајќи дека има потреба навремено да се одговори на покажаното братство од страна на Турција, Алиев рече дека тоа и го прават.
„Внимателно ги следиме настаните во Медитеранот. Жалиме од тоа што Грција и Ерменија покажуваат пристрасен став. Ние не гледаме само што се случува, туку на целиот свет му кажуваме дека секогаш сме заедно со Турција. Време е светот повторно да ја види моќта на Турците“, нагласи Алиев.