Mustafa Deveci
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ / КУДС (АА) - Израелската војска соопшти дека започнала воздушен напад на Појасот Газа откако ракета исфрлена од Газа погодила автобус на израелската територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелсксите воени сили се наведува дека нивните авиони изведуваат напади на Газа.
„Наши авиони ги гаѓааат терористичките цели во Газа“, се наведува во соопштението, без други детали.
Не се наведува со кое оружје е изведен нападот во кој е погоден автобус, ниту се споменува настанатата штета.
Во соопштението се додава дека од подрачјето на Газа, кон израелската страна се исфрлени 80 ракети, напоменувајќи дека се активирани и сирени за воздушна опасност.
Израелските медиуми исто така наведоа дека една ракета исфрлена од Газа погодила автобус на израелската територија, напоменувајќи дека потешко е повредена една личност.
Израелските власти праќаат дополнителни воени сили на границата со Газа поради зголемените тензиите кои ескалираа по синоќешниот израелски напад во таа палестинска енклава и судирот со воениот огранок на Хамас.
Израелската војска соопшти дека на состанокот на началникот на Генералштабот Гади Ајзенкот со командантите на израелската војска одлучено на Јужната воена команда да се испратат дополнителни сили.
Синоќа израелската војска изведе напад врз Газа и се судри со борците на бригада Езедин ал Касам на Хамас. Во нападот се убиени седуммина Палестинци и еден израелски војник. Меѓу загинатите има и еден од командантите на бригадата на Хамас.
Од Хамас синоќа соопштија дека израелските војници ја преминале границата и влегле 3 километри во Газа, и дека кај местото Кан Јунис извршиле атентат врз Нур Берек, еден од командантите на бригадата Езедин ал Касам.