свет

Трудо: „Канадската разузнавачка служба ја преслуша тонската снимка од убиството на Кашоги“

Шефот на канадската Влада, Џастин Трудо, ѝ се заблагодари на Турција за нејзиниот став и трудот кој го вложува во расветлувањето на убиството на новинарот Кашоги

Ömer Aydın  | 12.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
Трудо: „Канадската разузнавачка служба ја преслуша тонската снимка од убиството на Кашоги“

Paris

ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Канада, Џастин Трудо, изјави дека канадската разузнавачка служба ги преслушала снимките од убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

Трудо престојува во официјална посета на Париз, каде што вчера присуствуваше на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, а денес ја посети канадската Амбасада во главниот град на Франција.

Тој за време на посетата во Амбасадата разговараше со канадските новинари и го коментираше убиството на новинарот Кашоги, што се случи на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Тој изјави дека лично не ја слушал тонската снимка од убиството, но дека тоа го сторила канадската разузнавачка служба.

Трудо изјави дека за тоа убиство претходно разговарал телефонски, а и вчера за време на посетата на Париз, со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на канадската Влада изјави дека конечната одлука за ставот и реакцијата на Канада за тоа убиство ќе ја донесе во согласност со резултатите од истрагата и преговорите, а ѝ се заблагодари на Турција за нејзиниот став и трудот кој го вложува во расветлувањето на убиството.

Турскиот претседател Ердоган пред два дена изјави дека тонските снимки од убиството на Кашоги се дадени на Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија.

Ердоган изјави дека е јасно оти убиецот е некој од 15-члената саудиска делегација која го посети Конзулатот во Истанбул на денот на убиството, а дека Саудиска Арабија може да ги натера да прозборат и да откријат кој го убил Кашоги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın