свет

Израелските авиони изведоа напад на седиштето на ТВ каналот „Ал Акса" во Газа

Преносот на „Ал Акса" во еден момент е прекинат, но продолжен е од друга локација

Yaser Albanna, Safiye Karabacak  | 13.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
Израелските авиони изведоа напад на седиштето на ТВ каналот „Ал Акса" во Газа

Gazze

ГАЗА (AA) - Израелските сили изведоа воздушен напад на седиштето на телевизискиот канал „Ал Акса" во Газа, кој е во сопствеништво на движењето Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).

Израелските воени авиони наводно испалиле 10 ракети на седиштето на телевизијата „Ал Акса".

Во нападот е потполно срушен центарот на оваа телевизиска куќа.

Преносот на „Ал Акса" во еден момент е прекинат, но продолжен е од друга локација.

Во нападите на израелските сили оштетени се и другите згради кои се наоѓаат во близина.

Потсетуваме, израелската војска поради зголемување на тензиите во Појасот Газа со своите единици кои се наоѓаат во пограничното подрачје испрати тенкови.

Израелската војска денес започна и воздушен напад на Појасот Газа откако ракета од Газа погоди автобус на израелска територија.

Во израелските напади на Појасот Газа убиени се три, а ранети се девет Палестинци.

Во соопштението се наведува дека од подрачјето на Газа на израелска страна испалени се околу 200 ракети, додавајќи дека на израелската страна се ранети 21 лице, од кои едно потешко, а наводно станува збор за израелски војник.

Од Хамас синоќа соопштија дека израелските војници ја преминаа границата и влегоа три километрки во рамките на Газа и во близина на Кан Јунис извршија атентат на Нур Берек, еден од командантната брлигата Езедине ал-Касам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın