Haydar Hadi
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Агенцијата за цивилното воздухопловство на Ирак упати барање до странските авиокомпании да ги прекинат своите летови кон Курдската регионална управа на северот на Ирак (IKBY) почнувајќи од петок, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на оваа институција се истакнува дека до сите странски авиокомпании е упатено барање да ги прекинат сите свои летови, почнувајќи од петок.
Премиерот Хајдар ал-Абади, на вчерашната прес-конференција рече дека доколку целата граница и аеродромите што се под контрола на IKBY не ѝ бидат предадени на Владата во Багдад во рок од 3 дена, тогаш ќе бидат запрени сите меѓународни летови кон IKBY, во двата правца.
Министерот за транспорт на IKBY Мевлут Бавемурад, изјави дека за нив е неприфатливо барањето на Багдад да му бидат предадени аеродромите, кои се под нивна контрола.