Ali Cura
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
КИЕВ (АА) - Околу 30.000 лица се евакуирани по експлозијата во складиште со муниција во украинската Виница, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата за вонредни ситуации на Украина, соопштено е дека околу поноќ дошло до експлозија во воено складиште со муниција во Виница, на 250 километри од Киев.
По експлозијата дошло и до пожар, поради што од населбата во близина на военото складиште, од утринските часови се евакуирани околу 30.000 лица.
Евакуацијата е во тек, а сѐ уште не се познати причините за експлозијата.
Затворени се сите патишта во близина на подрачјето зафатено со пожар, а тој дел од воздушниот простор е затворен и за летови.
Според првичните податоци, во експлозијата е повредено едно лице.
Од Советот на министри на оваа земја, соопштено е дека на местото на несреќата отпатувал и украинскиот премиер Владимир Гројсман.
Во март оваа година, исто така дојде до експлозија во најголемото воено складиште со муниција во земјата, кое се наоѓа во Балаклија, на подрачјето на Харковската област во источниот дел на земјата.