İdris Okuducu
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
АНАБАР (АА) - Најмалку 20 лица загинаа во судирите меѓу припадниците на терористичката организација ДЕАШ и припадниците на безбедносните сили во регионот на Анбар, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на ДЕАШ влегоа во три населби во градот Рамади, во областа Анбар, по што дојде до судир со припадниците на безбедносните сили.
Велид Дулеми од ирачката армија, за АА потврди дека безбедносните сили интервенирале откако ДЕАШ влегол во населбата во Рамади. Потоа следувал оружен судир.
Полицискиот службеник во Анбар, Адил Ел Улвани, изјави дека ја вратиле контролата врз едно населено место во јужниот дел на Рамади и дека се убиени 20 терористи.
Судирите сè уште траат, а на сила е забраната за излегување на улица на две места, кои сѐ уште се под контрола на ДЕАШ.
Терористичката организација ДЕАШ го зазеде Рамади на 18 мај 2015 година. Ирачките безбедносни сили го ослободија градот на 28 декември истата година.