Michael Hernandez
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали одлуката на Саудиска Арабија со којашто на жените им е овозможено правото за возење на автомобил, оценувајќи ја одлуката како чекор напред кон подобрување на правата на жените во ова конзервативно кралство, соопштено е вчера од Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ова е позитивен чекор во промовирање на правото и можностите на жените во Саудиска Арабија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Саудиска Арабија во напорите кон јакнењето на саудиското општество и економија низ ваквите реформи, и имплементирањето на Саудиската визија 2030“, изјави Сара Хакаби Сандерс, портпаролката на Белата куќа.
Ријад беше еден од најдобрите американски сојузници во регионот, но добрите односи беа оптоварени од проблемите со човековите права, особено правата на жените.
Во соопштението кое вчера е објавено на државната телевизија се вели дека саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал-Сауд издал декрет кој на жените им овозможува да поседуваат возачка дозвола. Се додава дека наредбата ќе биде имплементирана во јуни 2018 година.
Саудиска Арабија е единствената земја на светот во којашто на жените им беше забрането да добијат возачка дозвола.