Ali Murat Alhas
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Ирак планира да ги прекине сите меѓународни летови до и од областа на Регионалната курдска управа, доколку контролата над граничните премини не биде предадена на централната ирачка администрација, соопшти вчера премиерот Хајдар ал-Абади, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нелегитимниот референдум ќе има негативно влијание врз Ирак и врз Регионалната курдска управа, бидејќи станува збор за едностран чекор со којшто се игнорираат препораките на меѓународната заедница“, рече Ал-Абади, додавајќи:
„Граничните премини во Регионалната курдска управа функционираат под контрола на Агенцијата за гранична контрола на Ирак, и контролата мора да биде предадена на централната администрација, како што е предложено од националната повелба. Ирачката Влада никогаш нема да се откаже од единството и суверенитетот на земјата, така што нема да преговараме за резултатите од референдумот“.
САД, Турција, Велика Британија, Иран и централната ирачка Влада го повикаа Ербил да се откаже од нелигитимниот референдум, но тој сепак се одржа во понеделникот.