Arif Yusuf,Meryem Kasım
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
АНБАР (АА) - Терористичката организација ДАЕШ веќе неколку дена под целосна опсада држи над две илјади семејства во две села во јужниот ирачки град Фалуџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Фалуџа, Афиф ед-Дулејми, изјави дека терористите на ДАЕШ цивилите под опаса ги користат како жив штит и дека тоа ѝ ја отежнува борбата на ирачките сили против терористите.
„Под опсада се наоѓаат над две илјади семејства, претежно жени, деца и постари изнемоштени лица. Десетици млади мажи кои останаа во тие села одведени се во затворите во Фалуџа”, рече Дулејми.
Градот Фалуџа во западната ирачка провинција Анбар е место на повеќемесечни борби на ирачките и курдските сили против ДАЕШ. Во четвртокот, ирачките сили ја повратија контролата во шест села во Фалуџа, а Дулејми рече дека сите подготовки за акцијата за ослободување на двете села, во кои терористите на ДАЕШ држат две илјади семејства под опсада, се завршени.