свет

Ирак: Неутрализиран третиот напаѓач на канцеларијата на гувернерот во Ербил

Новинарот на АА од Ербил јави дека судирот во објектот завршил, а припадниците на силите за безбедност воспоставиле контрола над споменатото подрачје

Ekipa  | 23.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Ирак: Неутрализиран третиот напаѓач на канцеларијата на гувернерот во Ербил Yunus Keleş/AA

Еrbil

ЕРБИЛ (АА) - Неутрализиран е трет напаѓач кој утрово изврши упад во зградата на гувернерот во Ербил, во Регионалната курдска управа во северен Ирак, а спасен е и еден вработен кој беше земен како заложник, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинарот на АА од Ербил јави дека судирот во објектот завршил, а припадниците на силите за безбедност воспоставиле контрола над споменатото подрачје.

Тројца напаѓачи утрово изведоа оружен напад врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на гувернерот.

Еден напаѓач активирал експлозивна направа која ја носел на себе, додека другиот е неутрализиран од припадниците на безбедносните сили. Во судирот е ранет еден полицаец.

Се претпоставува дека нападот го планирала терористичката организација ДЕАШ.

Во бомбашкиот напад кој на 19 ноември 2014 година, припадници на ДЕАШ го изведоа врз канцеларијата на гувернерот, загинаа пет лица. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın