Emre Aytekin
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
СЕУЛ (АА) - Опозицискиот пратеник во Собранието на Јужна Кореја, Рох Сјoe Чан, изврши самоубиство откако против него беше покрената истрага за наводно примање мито, пренесува Anadolu Agency (AA).
Членот на опозициската Партија на правдата, Рох, скокна од 17-ти кат од зградата во која живееше во центарот на Сеул.
Полицијата во неговото палто на скалилата пронајде порака во која тој му се извинува на своето семејство. Во пораката признал дека примил пари, но дека тие немале никаква поврзаност со обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата.
Против него е покрената истрага во која Обвинителството го товари дека од авторот на контроверзниот блог „Druking“ примил 44.000 американски долари, а за возврат му давал информации врз основа на кои блогерот водел кампања против владејачката Демократска партија и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин.
Јужна Кореја спаѓа во земјите со највисока стапка на самоубиства во светот. Ова често го прават и познатите бизнисмени, политичари и поп-ѕвезди во оваа земја. Поранешниот јужнокорејски претседател Ро Му Хjун се самоуби во 2009 година, откако беше обвинет за корупција.