Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
МЕКСИКО (АА) - Мануел Лопез Обрадор, кој беше избран за претседател на Мексико овој месец, со јавноста сподели писмо од седум страници, упатено до американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Марсело Ебрард, кој треба да биде министер за надворешни работи во новата влада на Мексико, пред политичкото седиште на Обрадор го прочита писмото упатено до Трамп.
Ебрард истакна дека во писмото, првенствено, се говори за плановите за јакнење на економијата и безбедноста, поради што Мексиканците нема да имаат потреба за мигрирање.
Лопез Обрадор во писмото вели дека планира да направи нацрт-развоен план кој ќе биде поддржан од јавните фондови на САД и Мексико, и дава предлог во планот да се вклучат и земјите од Средна Америка, со цел да се спречат миграциите.
Мануел Лопез Обрадор има намера средствата остварени од намалувањето на платите и бонусите да ги пренасочи во општествените програми и во подобрување на инфраструктурата.
Исто така, планира да ги намали даноците во приватниот сектор, со цел да се поттикнат нови вработувања.