Adam Moro
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Уште еден земјотрес го погоди денес јужниот дел на Иран, во кој, според известувањето на иранската државна телевизија, повредени се 79 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот бил во близина на населеното место Сирч, во иранската покраина Керман, 1.000 километри југоисточно од главниот град Техеран.
Според Геолошката служба на САД, земјотресот, проследен со неколку помали потреси, бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала.
Еден ден претходно, јужните и западните подрачја на Иран, исто така беа погодени од серија земјотреси, во кои без повредени околу 300 лица.
Минатиот ноември, во земјотресот со магнитуда од 7,2 степени, што го погоди западен Иран, загинаа над 600 лица.