свет

Тврдење за извршен напад од Израел врз Сирија

Режимот на Башар ал Асад тврди дека Израел извршил напад врз една воена позиција во подрачјето на Масијаф, во областа Хама во Сирија

Selen Temizer  | 23.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Тврдење за извршен напад од Израел врз Сирија

Ankara

АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад тврди дека Израел извршил напад врз една воена позиција во подрачјето на Масијаф, во областа Хама во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според САНА, информативна агенција на сирискиот режим, воени авиони на Израел синоќа нападнале воена позиција во режимската воена база Масијаф.

Во веста се наведува дека Израел, со цел да им даде поддршка на „обновените терористи“ во подрачјата на Дера и Кунејтра, извршил напад во кој е причинета само материјална штета.

Засега Израел не даде никакво известување во врска со настанот.

Масијаф е познато како подрачје во кое се наоѓа еден од објектите за хемиско оружје на режимот.

Израел во последните 3 месеци во Сирија изведува напади врз воените позиции на режимот и силите поддржани од Иран во подрачјата на Хомс, Кунејтра, Дера и Дамаск.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın