свет

„Администрацијата на Трамп се обидува да започне воена интервенција против Иран“

„Непријателот прво ни наметна економски санкции“, истакна началникот на Генералштабот на Иранската војска, генерал Мухамед Бакири

Mustafa Melih Ahıshalı  | 23.07.2018 - Обновена : 24.07.2018
„Администрацијата на Трамп се обидува да започне воена интервенција против Иран“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Началникот на Генералштабот на Иранската војска, генерал Мухамед Бакири, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп веќе година и половина работи на тоа Војската на Соединетите Американски Држави (САД) да интервенира против Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Бакири во Техеран присуствуваше на Конференцијата за стратегијата за снабдување со војници, а во обраќањето пред присутните рече дека САД моментално не му се закануваат отворено со војна на Иран, но дека има сознанија дека администрацијата на Трамп изминатата година и половина работела на започнување на воена интервенција.

Иранската новинска агенција „Тасним“ (Tasnim) јавува дека Бакири нагласил дека иранскиот режим е под притисок на големи санкции и закани.

„Непријателот прво ни наметна економски санкции“, рече Бакири.

Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани во Техеран изјави дека мирот со Иран би бил апсолутен мир за САД, а дека војната со Иран би била војна над сите војни.

„Немој никогаш повеќе да им се закануваш на САД, бидејќи ќе се соочиш со последиците кои многу мал дел луѓе ги имаат доживеано во историјата. Ние веќе не сме земја која ќе ги трпи твоите лажливи зборови за насилство и смрт. Биди внимателен“, одговори Трамп на Твитер.

И американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа остро ги критикуваше иранските власти, нарекувајќи ги класична мафија.

Тензиите во односите помеѓу САД и Иран се интензивираа во мај оваа година, откако Трамп објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот Договор за иранското нуклеарно прашање.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın