Haydar Karaalp
02 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
БАГДАД (АА) - Мухамед Тевфик Алави, кој доби мандат за формирање влада во Ирак, соопшти дека се откажа од оваа задача, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алави тоа го потврди во изјава за државната ирачка телевизија.
Тој нагласи дека сакал да формира влада составена од независни лица, и дека во овој процес имал притисоци од политичките партии.
„Да им се покорев на овие групи, сега ќе бев премиер на Ирак. Покрај сето тоа, се обидов да ја спасам нашата земја од неизвесност. Но, во процесот на преговори доживеав шок од тоа што се соочив со повеќе ситуации кои не им служат на интересите на земјата“, рече Алави.
Потсетувајќи дека во Парламентот двапати била одложена седницата за гласање за доверба за Владата, Алави, обраќајќи се на претседателот на Ирак, Берхем Салих, додаде: „До Вашиот кабинет пренесувам дека се повлекувам од мандатот за формирање на владата.“
Алави, упатувајќи апел до демонстрантите, побара да продолжат со протестите со цел да ги освојат нивните права.
По изјавата на Алави, ирачкиот претседател Берхем Салих објави писмено соопштение во кое наведе дека во рок од 15 дена ќе се консултира со политичките партии и на друг кандитат ќе му го врачи мандатот за формирање влада.