Ekip
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
Израел
Израелските граѓани утринава започнаа да гласаат на третите општи избори во една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен конкурент Бени Ганц не успеаја да формираат владина коалиција за време на последните два изборни процеси во април и септември.
Според наводите на Централниот изборен комитет на Израел, повеќе од 6,4 милиони Израелци имаа право на глас на повеќе од 11.000 гласачки места низ Израел.
За 120 места во Кнесет се натпреваруваат 30 изборни листи. Набљудувачите и центрите за испитување на јавното мислење очекуваат дека само 8 од тие листи ќе ги освојат мандатите.
Предизборните анкети покажаа дека Нетанјаху и Ганц ќе освојат 33 места во Кнесет. Прелиминарните резултати се очекува да бидат објавени по полноќ.