Zeynep Tüfekçi
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ДИЈАЛА (AA) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ извршија напад врз ирачките градови Киркук и Дијала, при што загинаа три лица, од кои еден полицаец, додека 6 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот Хамид ел Абиди од Полициската дирекција во Киркук, за АА изјави дека милитантите на ДЕАШ извршиле оружен напад во населбата Ал Абаси во подрачјето на Ел Хавика, кое се наоѓа 55 километри југозападно од Киркук, во кој загинале 2 лица, од кои еден полицаец и еден цивил, а еден цивил е повреден.
Абиди рече дека напаѓачите избегале пред безбедносните сили да пристигнат на местото на настанот.
Од друга страна, капетанот Хабиб еш Шемри од Полициската дирекција во Дијала соопшти дека како резултат на активирањето на експлозив поставен покрај патот во подрачјето Ез-Зур, во североисточниот дел на Дијала, од страна на милитантите на ДЕАШ, загинал еден припадник на силите Хашди Шаби, додека 5 лица се повредени.
Инаку, премиерот на Ирак, Хајдар ел Абади, во декември 2017 година соопшти дека е ставен крај на военото присуство на терористичката организација ДЕАШ која во земјата дејствуваше 3 години. Но, елементи поврзани со оваа терористичка организација одвреме-навреме вршат терористички активности во некои места во Ирак.