Betül Yürük
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Ураганот Флоренс, кој ги погоди американските источни сојузни држави, Северна и Јужна Каролина, усмрти 11 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ураганот Флоренс, кој во петокот ги зафати бреговите на Каролина, се претвори во тропска бура откако пристигна на копно.

Поројните дождови предизвикани од тропската бура, предизвикаа повеќе смртни случаи. Властите соопштија дека во Северна и Јужна Каролина досега смртно настрадале 11 лица.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, Северна Каролина ја прогласи за зона на катастрофа, и дека наредната недела можно е да го посети регионот.
Голем број куќи во Северна и Јужна Каролина се поплавени. Властите упатуваат предупредување дека поплавите може да достигнат височина и до еден метар, додека над еден милион лица во двете сојузни држави останаа без електрична енергија.

Поради лошите временски услови предизвикани од ураганот, откажани се над 2.000 летови.
Се проценува дека ураганот за кој се вели дека може да погоди околу 10 милиони лица, ќе предизвика штета од 170 милијарди долари.