Zehra Ulucak
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ХОНГ КОНГ (АА) - Во тајфунот Мангхут кој го зафати северниот дел на Филипините, досега животот го загубија 64 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Филипините соопшти дека бројот на загинатите во тајфунот се искачил на 64 лица, од кои поголемиот дел загинале во лизгање на земјиштето предизвикано од тајфунот.
Се истакнува дека 45 лица се водат како исчезнати, 33 лица се повредени, и дека од тајфунот се погодени околу 250.000 лица.
Меѓу другото, во подрачјето на Бенгует кое е најмногу погодено од тајфунот, поголемиот дел од 38-те жртви загинале во лизгањето на земјиштето, додека 37 лица сѐ уште се водат како исчезнати.
Tајфунот, чија брзина се намали на 100 километри на час, пристигна и во јужниот дел на Кина и во Хонг Конг.