Erbil Başay
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге го сруши светскиот рекорд на 45. БМВ маратон во Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Кипчоге, патеката на берлинскиот маратон ја истрча со време од 2:01:39 и стана првиот маратонец кој го истрча маратонот за помалку од два часа и две минути.
Второто место денес во Берлин го освои Кениецот Амос Кипруто, а на победничкиот подиум се качи и третопласираниот негов сонародник Вилсон Кипсанг.
Досегашниот светски рекордер беше маратонецот Денис Кимато, а 33-годишниот Кипчоге беше побрз за една минута и 18 секунди.