Adem Şalvarcıoğlu
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во свлечиштето кое се случи во рудник за злато на Филипините животот го загубија најмалку 30 вработени во рудникот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, свлечиштето се случило во рудник за злато во подрачјето на Итогон, кое се наоѓа во покраината Бенгует.
Се вели дека се извлечени најмалку 30 тела од најмалку 40 вработени кои се заглавени во свлечиштето.
Во тек се операциите за спасување на останатите вработени.
Според последното соопштение, поради тајфунот Мангхут, кој ги зафати Филипините, животот го загубија 40 лица.