Bayram Altuğ
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на араканските муслимани кои од 25 август пристигнаа во Бангладеш, бегајќи од насилствата во Мјанмар, достигна до 536.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Милман, на прес-конференцијата што се одржа во седиштето на ОН во Женева, пренесе дека приливот на бегалци повторно се интензивира со преминувањето на 15.000 аракански муслимани во Бангладеш меѓу 9 и 11 септември.
Врз основа на изјавите на очевидците, Милман рече дека од 8 до 10 илјади бегалци чекаат на мјанмарската страна на реката Наф, близу границата помеѓу Бангладеш и Мјанмар, за да преминат во Кокс Базар.
Милман информираше дека бројот на арканските муслимани кои од 25 август преминале во Бангладеш, достигна до 536.000 лица. Тој посочи дека во камповите има недостаток на чиста вода, а голем број бегалци имаат потреба од медицинска помош.
Тој истакна дека бегалците кои пребегаа во Кокс Базар нема да се вратат во нивните домови во Мјанмар додека за тоа не се создадат услови.
Од 25 август, кога војската на Мјанмар под изговор за борба против вооружените милитанти во Aракан започна акции против цивилите, убиени се илјадници муслимани. Бидејќи Мјанмарската администрација не дозволува да се влезе ниту да се излезе од областа, не е можно да се утврди точниот број на жртви.
Во последните напади, армијата и екстремистите уништија повеќе од 200 села. Десетици илјади аракански муслимани сѐ уште се обидуваат да избегаат од регионот поради безбедност. Цивилите кои бегаат од Мјанмар, преку планинските области, реката Наф или по море преминуваат во Бангладеш.